Без прием на нови членки во НАТО, преседан во Чикаго

Од:

Челниците на НАТО на самитот во Чикаго не донесоа одлука за прием на нови членки во Северноатлантскиот сојуз, што е преседан во однос на сите самити кои се одржани во последните неколку децении, пишува американскиот неделник „Форин Полиси“.

Надвор од Алијансата, и понатаму се Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија, иако се надеваа дека би можело да дојде до напредок во Чикаго.

Министрите за надворешни работи на 28-те НАТО држави се состанаа со претставниците на четирите земји кои бараат членство во Алијансата, но освен љубезна благодарност за учеството на нивните војници во мисиите, не добија ништо друго.

„Форин Полиси“ истакнува дека Грузија за членство во НАТО ја спречува нерешеното територијално прашање со Русија, додека Македонија спорот за името со Грција.

Не треба да се заборави, се потенцира во неделникот, дека Македонија ги исполни сите услови, а се уште не е членка на НАТО.

Црна Гора го има добиено Акцискиот план за членство во Алијансата, што е последен чекот пред влез.

Неделникот оценува дека проширувањето на НАТО не е меѓу приоритетите на администрацијата на Барак Обама, која многу повеќе е свртена кон завршување на војната во Авганистан и на европската должничка криза која има влијание и на воената алијанса.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија

Ердоган: Чекаме САД да ја одобрат продажбата на Ф-16, па ќе ја пуштиме Шведска во НАТО

Зеленски: Ако Русија нападне членки на НАТО, американските деца ќе мора да се борат

НАТО: Мораме да ја поддржуваме Украина

Наместо тензии потребен мир и дијалог, порачаа од Скопје лидерите на НАТО сојузниците од регионот

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов