Зоран Витанов: Паразитите на ДУИ нè чинат 50 милиони евра, сега Бесими бара пари да ги нахраниме

Од:

„Паразитите на ДУИ што се вработија во администрацијата, а не доаѓаат на работа, нè чинат 50 милиони евра и сега Бесими ќе бара пари од оние што најмногу работат за да ги нахрани паразитите. Тоа е воен данок од 2001 година“, вели бившиот заменик-министер за економија и експратеник, Зоран Витанов, за „А1он“.

Поранешниот функционер на Социјалистичката партија, кој се повлече од политичкиот живот и му се посвети на бизнисот, жестоко ја критикува власта која сака да го воведе вторпат прогресивниот данок и да направи измени во даночната политика. Прогресивното даночење го воведе министерот Драган Тевдовски, но неговата наследничка Нина Ангеловска се откажа од реформата.

„Од партијата на Бесими ај што не знаат, туку и постојано крадат. Вработуваат луѓе што примаат плата и седат дома. Сега не може да им даваат плата, а ние не можеме да се задолжуваме затоа што не сме солвентни. И сега ајде ќе наоѓаме пари за да ги храниме паразитите. Тука ги обвинувам и медиумите што молчат 20 години за тоа. Бидејќи медиумите не се активни, овие од власта се охрабруваат да крадат повеќе.

Македонија е дно, нè водат луѓе што се дно, но да бидам искрен до крај, дно луѓе ги избираат луѓето што се дно. Со оваа таканаречена даночна реформа тој што креира нова вредност го казнуваат затоа што креира нова вредност. Не е крив Бесими, луѓето го гласаат, а вие го тинтрите. Му текнало сабајле на Бесими ајде ќе правам реформа“, истакна Витанов.

Тој прашува зошто власта не земе данок од банкарскиот сектор, кој во Македонија прави нето-профит од еден милион евра, туку од обичните граѓани, кои успеале да стигнат до пристојна заработувачка во ИТ-секторот.

„Како можеш со криминалци да зборуваш за економија? И сега криминалец ни носи закон за економија и ние го третираме како реформатор? Штом некој зема плата, а не доаѓа на работа, тој краде. Јавноста покажа дека не ја интересираат економија и правда. Мене не ме интересира јавноста, само семејството. Јас сум обичен човек, кој одлучл да живее во квазидржава и покрај тоа што знае каква е. Но, јас сум оптимист сè уште поради моите деца. Идентитетот ми е Македонец и јас живеам во Македонија, каде што се чувствувам на своето.

Или ќе се избориме против таквите или ние не ни заслужуваме држава. Ако ние не ги користиме слободата и правото да кажеме што мислиме, ние не заслужуваме ништо. Ние го охрабруваме паразитот, ние имаме паразити на власт. Паразити ни прават економска реформа“, коментира Витанов.

Критиките од економистите, невладините организации и стручната јавност дојдоа откога министерот за финансии, Фатмир Бесими, отвори јавна дебата за неговиот концепт за даночна реформа, која ќе се реализира со проширување на даночната основа преку повеќе измени во даноците на добивка, личен доход и додадена вредност, како и зелено даночење.

Би можело да ве интересира

До крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика, најави Мицкоски

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески