Значително опаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на брегот на Охридското Езеро

Од:

Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа.

Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за деновите надвор од главната летна туристичка сезона.

Раздвиженоста е значително помала, посетеноста на угостителските објекти исто така намалена, а се помалку луѓе има и по плажите, иако временските услови се мошне поволни за овој период од годината.

Температурата на воздухот изнесува до 30 степени што е идеално и карактеристично за Охрид како град на голема надморска височина, а температурата на водата во езерото е некаде 22 степени Целзиусови, освежувачка и пријатна за капење и рекреација.

Иако ова лето речиси и немаше странски гости сепак посетеноста на Охрид и туристичките населби на крајбрежјето, особено за викендите, беше задоволувачка, во одредени денови и поголема од капацитетите за сместување. Новата реалност наметната со епидемијата на коронавирусот значеше промена во профилот гости во Охрид, туристи со поинакви навики, очекувања, можности. Тоа се почувствува кај стопанствениците, особено оние од угостителскиот сектор, но таква е реалноста на која туристичките субјекти и угостителските стопанственици ќе мора да се прилагодат, барем до отворањето на границите и повторното враќање на странските гости.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион