Златото на највисока цена во последните девет години, експертите велат: уште ќе расте

Од:

Цената на златото на почетокот од месецот го помина прагот од 2.000 долари за унца, ниво што не е забележано од септември 2011 година.

Според аналитичарите, цената на благородниот метал ќе продолжи да расте.

– Многу лесно цената на златото може да достигне и 4.000 долари, вели главниот извршен директор на инвестициската компанија „Американски глобални инвеститори“ (US Global Investors), Френк Холмс.

Тој додава дека се впумпуваат билиони долари во финансиските текови со цел да се пружи поддршка на американската економија за време на пандемијата со Ковид-19. Холмс потенцира дека министрите за финансии на Г-20 и централните банки „заедно работат како картел и сите печатат илјадници милијарди долари“.

– Никогаш досега не сме виделе централните банки да печатат толкаво количество пари по нулта каматна стапка. Со нула камати, златото станува многу, многу атрактивен, првокласен имот, посочи Холмс.

Главниот стратег за инвестиции во компанијата за управување со богатството БМО, Јунг-ју Ма се согласува дека постојат бројни фактори кои го поттикнуваат понатамошниот раст на цената на златото. Тој истакна дека два големи настани во престојниот период би можеле да го сменат правецот на движење на цената на златото.

– Само сме внимателни со проценката на идните ефекти од овие фактори… посебно кога знаеме дека ни престојат два големи настани кои би можеле да го сменат сегашниот курс. Еден, секако е развој на вакцина против коронавирусот, а вториот настан се изборите во САД, наведе Јунг-ју.

Тој додаде дека посебно вакцината има потенцијал да ги смени некои од позитивните фактори кои во моментот се во корист на златото.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Изгласан законот за нефер трговски практики: Рабатот кај земјоделските производи ќе биде 10 отсто

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Цената на струјата ќе се покачи за 27% ако се прифатат барањата од сите субјекти: ЕВН ќе набавува струја и од слободниот пазар

Орце Костов

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов