Жонг Шаншан е најбогатиот човек во Кина за 2020 година

Од:

Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан го симна основачот на „Алибаба“ – Џек Ма од врвот на најбогати луѓе во земјата. Според листата на списанието „Хурун“, неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари.

Жонг Шаншан (66), сопственик на фирмата „Нонгфу спринг“, лани беше трети на тој список, потсети основачот на списанието Ричард Хогеверф. Заедно со својата „империја“ за минерална вода, Жонг го изгради и бизнисот со фармацевтската компанија „Бејжинг Вантаи“.

Компанијата за минерална вода е со седиште во источнокинескиот град Хангжу, како и „Алибаба“ – најголемата платформа за интернет-трговија во светот.

Списанието „Хурун“, со седиште во Шангај, секоја година го објавува својот список од најбогати Кинези.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски