„Жито“ предвремено ќе ги исплати месечните аконтации на данок на добивка за 2020

Од:

Велешкиот трговски синџир „Жито“ соопшти дека донел одлука предвремено да ги исплати месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година, во висина од 10.559.513 денари, со цел активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет.

Компанијата жинформира дека на овој начин сака да даде конкретна поддршка за зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштитата на здравјето на сите граѓани.

– Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од кога било, да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да може што побрзо да закрепнеме и да се вратиме во нормала. Како компанија, остануваме посветени на почитување на препораките и мерките на соодветните институции, бидејќи јавното здравје е општествена одговорност и зависи од сите нас“, истакна управителот на „Жито“, Јованче Ѓошевски.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески