Зголемени цените на нафтата на меѓународните пазари

Од:

Цените на нафтата денеска се искачија на 81 долар на меѓународните пазари, бидејќи одлуката на водечките производители скромно да ги зголемат залихите го засени извештајот за претстојното враќање на саудиското производство на нивоата пред пандемијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 36 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 80,90 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 1,45 долари.

На американскиот пазар денеска со барел се тргуваше по 64 центи повисока цена, од 79,45 долари. Вчера ја затвори трговијата на минус 2,05 долари.

Во исто време, Ријад, на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, ги отфрли повиците на водечките производители да исфрлат значително повеќе од планираните 400.000 барели дневно во следните месеци, наведувајќи ги економските проблеми.

ОПЕК + на вчерашната средба се согласи дека ќе продолжи постепено да го зголемува производството откако американскиот претседател Џо Бајден порача дека треба да го интензивираат за да го забават наглиот раст на цените.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата растат поради тензиите во Европа и на Блискиот Исток

Ана Ололовска

Цените на нафтата највисоки од 2014 година

А1он

Цената на нафтата надмина 84 долари

А1он

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари

А1он

Загриженоста за побарувачката ја намали цената на нафтата под 78 долари

А1он

Климатските промени го загрозуваат и светското производство на нафта

Ана Ололовска