Зголемена побарувачката и цената на златото поради падот на доларот

Од:

Побарувачката на инвеститорите за злато како безбедно засолниште се зголеми денеска, поттикнувајќи го нагорниот тренд на цената на овој благороден метал, откако доларот падна во однос на кошницата на главните валути. Цената на златото на фјучерси во Лондон порасна за 0,88 отсто на 1.777 долари за фина унца.

Падот на доларот го поевтини златото за купувачите кои поседуваат други валути, мотивирајќи ги да ги зголемат своите купувања. Според последниот извештај на британската агенција за размена на валути, индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на нејзините шест главни ривали, потонал за 0,4 отсто на 108,17 поени.

Во исто време, еврото напредуваше во однос на доларот за 0,4 отсто на 1.001 долар, откако падна под паритет оваа недела, кога го допре најниското ниво во последните 20 години од 0,99005 долари.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

Орце Костов

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки

Горан Наумовски

Потврдено богато наоѓалиште на злато во источна Србија

А1он