Зголемена ефикасноста на работење на банките, намалени нефункционалните кредити

Од:

Ликвидноста на банкарскиот сектор постојаено е на високо ниво, депозитната база има раст, при истовремен умерен месечен раст на кредитната активност. Забележано е зголемување на ефикасноста на работењето на банките, како и умерено намалување на нефункционалните кредити. Ова го покажуваат декемвриските податоци за банкарскиот систем разгледани на вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.

Како што соопшти НБРМ, на домашните финансиски пазари, во јануари 2013 година е забележана зголемена меѓубанкарска активност. Прометот на пазарот на депозити забележа релативно висок пораст на месечна основа, при што најзастапени се трансакциите со рочност преку ноќ. Релативно високо учество во вкупниот остварен промет имаа и трансакциите со подолга рочност (1 недела и 3 месеци), што укажува на одржување висока доверба помеѓу пазарните учесници на овој сегмент од финансиските пазари. На девизниот пазар, пазарните движења беа стабилни, а на меѓубанкарскиот пазар беше забележан умерен раст на понудата на девизи. Во такви околности, Народната банка оствари откуп на девизи од банките-поддржувачи, стои во соопштението.

Последните макроекономски показатели упатуваат на стабилен амбиент за водење на монетарната политика. Податоците за инфлацијата за јануари 2013 година покажуваат забавување, при што годишниот раст на ценовното ниво од 3,8 отсто е малку побавен, во споредба со последните проекции. Девизните резерви од почетокот на годината бележат раст, укажувајќи на поволна позиција на билансот на плаќања. Растот на девизните резерви е предизвикан од нето-откупот на девизниот пазар, но во голема мера и од нето-приливите на државата врз основа на надворешно задолжување. Динамиката на раст на девизните резерви е во согласност со очекувањата, при што и понатаму девизните резерви се одржуваат на адекватно ниво и се доволни за апсорбирање на евентуални неповолни шокови. Првичните податоци за кредитниот пазар за јануари укажуваат на се уште „анемична“ кредитна активност, што во услови на висока ликвидност во банкарскиот систем, упатува на се уште присутни согледувања за ризик и воздржаност од поголемо кредитирање.

Општо гледано, наведува НБРМ во соопштението, најновите податоци упатуваат на тековни економски и финансиски услови, што засега се во рамки на очекувањата. Променливоста и непредвидливоста на светските цени на примарни производи, како и се уште неизвесното надворешно окружување остануваат главните извори на ризици. Имајќи го предвид извршеното монетарно олабавување преку задолжителната резерва и максималната каматна стапка на благајничките записи на почетокот на годината, поставеноста на монетарната политика се оценува како соодветна. Секако, доколку поволните трендови кај девизните резерви и инфлацијата продолжат и во понатамошниот период, монетарната политика соодветно ќе се приспособи.

– Имајќи ги предвид најновите макроекономски, пазарни и финансиски показатели, на оваа седница на Комитетот беше одлучено максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5 отсто. Во услови на одржување на ликвидноста во банкарскиот систем на стабилно и адекватно ниво, на седницата беше одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ  од 24.020 милиони денари, се вели во соопштението од НБРМ.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов