Зголемен интересот за фотоволтаици, Македонија нема доволно кадар што знае да ги инсталира

Од:

Ќе се интензивира поставувањето фотоволтаични системи не само во индустријата, туку и во домаќинствата, сметаат експертите. Како што рекоа денеска на прес – конференција во Стопанската комора на Македонија, цената на инсталиран киловат или мегават од обвновливите извори толку падна што овие системи денес можат сосема конкурентно да се натпреваруваат со другите конвенционални извори на енергија.

Сепак, за успешна реализација и инсталирање на фотоволтаичните системи, немаме доволно обучен, стручен кадар. Поради тоа, Комората најавува обуки на инженери, техничари и монтажери.

Според претседателот на Здружението за енергетика Ристо Јаневски, инвестицијата во фотоволтаици засега може да се врати за пет до шест години, но веројатно овој период уште повеќе ќе се намалува со оглед на поевтинувањето на системите.

-Тешка е ситуацијата во македонскиот енергетски сектор. Термоцентралите во Битола се при крајот на својот век. Нормално дека во идните години ќе мора да се прават значајни инвестиции за да се супституира производството на јаглен и да се добијат потребните мегавати за функционирање на стопанството, истакна Јаневски на прес-конференција.

Обновливите извори, дополни, секако дека нема да го спасат енергетскиот сектор, но во голема мерка ќе помогнат.

-Со самото инсталирање на фотоволтаикот не е завршена работата. Потребно е тој потоа да се вклучи во енергетскиот систем зашто не е основен тип за добивање електрична енергија. Функционира само кога има сончева светлина и кога е ден. Логично е дека ќе постојат вишоци на енергија кога ќе има повеќе сонце и тие ќе мора да се внесат во системот. Оттука, на индустриските претпријатија и домаќинствата ќе им биде потребен партнер како снабдувач на остатокот енергија, но и како некој што ќе го преземе вишокот. Затоа и согласно новиот Правилник, оној што сака да стави фотоловтаик на својот кров, не може да биде снабдуван од универзалниот снабдувач, туку мора да склучи договор со некој друг, објасни Јаневски.

Фотоволтаиците се особено добредојдени за трудоинтензивните гранки, како текстилната и кожарската индустрија, зашто ќе овозможат голема заштеда на енергија при работата во прва смена кога струјата е најскапа.

Обновливите извори на енергија секаде во Европа и во светски рамки се речиси пракса. Во енергетскиот систем на Грција, на пример, фотоволтаиците имаат повеќе од 25 отсто удел. Ние сме се уште на почеток со незначителен процент на инсталирани фотоволтаици. Засега, само една компанија се занимава со производство на панели, а на првиот тендер за поставување фотоволтаици од вкупно пријавените 11, осум биле домашни.

Обуките на потребниот кадар за набавка и инсталирање фотоволтаични системи ќе се врши преку т.н. Центар за менаџирање на знаења и вештини формиран минатата недела.

Би можело да ве интересира

Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Ана Ололовска

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

А1он

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Ана Ололовска

Попривлечни работни места како еден од условите да се спречи одливот на квалификуван кадар

Ана Ололовска