Земјоделците од Струмичко бараат поддршка за создавање на одржлив систем за храна

Од:

Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ со поддршка на Шведскиот институт, организираше дискусија со земјоделците од Струмичко на тема: „Како до одржлив систем за храна“. На настанот учествуваат: земјоделци, претставници на земјоделски здруженија и кооперативи и експерти од странство.

Според земјоделците, заминувањето на младите од селата, претставува еден од показателите за лошите услови за живеење во руралните средини.

Дополнително, моменталното производство на храна не е исплатливо, нема доволна или добро насочена финансиска помош или пристап до финансиски средства.Сметаат дека е потребна подобра координација од страна на државата за градење на одржлив пазарен модел, во кој нивната улога во ланецот ќе се подобри, за да се избалансира учеството на секој од вклучените во него, од откупувачи до продавачи во малопродажба. Новите технологии во земјоделското производство, првенствено од ИТ секторот, претставува нешто кое не можат да го
исполнат, поради недостигот на финансиска помош и пристап до финансиски средства. Бараат помош во подготовката на административните документи при аплицирање за фондоци, пришто администрацијата би помогнала преку подостапни и навремени информации и појасни и побрзи процедури.

Присутните искажаа недоверба во квалитетот на репроматеријалите кои ги користат и сметаат дека подобра регулација на квалитетот на материјалите кои ги користат за производство, ќе ги намали цените на производство и ќе го зголеми квалитетот на храната. Сметаат дека со поддршка можат да ги постигнат сертификатите и стандардите кои се бараат од нив за за извезуваат на пазарите на земјите од Европската унија. Но, моменталните цени не им дозволуваат да направат капитал кој може да им помогне во инвестиции. Дел од присутните дадоа предог субвенциите да добијат нов облик, и да станат инвестиции во подобрување на условите за производство.

Главна констатација беше, дека само здружени земјоделци, поддржани од државата со локални институти за земјоделство, квалитетни репроматеријали, подобрена инфраструктура и стабилни цени, ќе постигне одржливост на локално производство во Струмичко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Земјоделците ги блокираа приодите до аеродромот во Франкфурт

Француската полиција приведе 18 земјоделци

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски

Земјоделците втор ден ги блокираат автопатите околу Париз