Земјоделците кои ги загубиле или оштетиле картичките за зелена нафта до 12 јуни да ги пријават во подрачните единици на МЗШВ

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјодделството и руралниот развој ги повикува сите земјоделци кои минатогодишните картички за „зелена нафта“ ги оштетиле или загубиле, најдоцна до 12 јуни да се пријават во подрачните единици на МЗШВ, од каде што лани им беа доделени, со цел да им се изработат нови.

На овој начин, како што вели директорот Николче Бабовски, Агенцијата ќе има увид на кои корисници картичките им се неупотребливи и навремено, преку економскиот оператор ќе може да им изработи нови картички.

Според него, нови картички ќе добијат и оние земјоделци кои првпат оваа година се стекнале со право на користење на оваа мерка.

– На оние земјоделци кои правно-законски се стекнаа со право на користење на мерката „зелена нафта“ и на кои картичките им се во ред, ќе им бидат надополнети со нови средства. Кој колку средства ќе има на картичките, ќе зависи од видот на производството и од културата што ја пријавиле за субвенции. Со персонализираната картичка за „зелена нафта“ и со расположливите средства ќе може да се точи исклучиво „еуродизел“ гориво за земјоделска механизација, посочи Бабовски.

Годинава, додаде, преку оваа мерка се покриваат 50 отсто од производниот трошок кој е утврден согласно методологијата, а на сметките на околу 60.000 земјоделци ќе бидат вратени 280.000.000 денари.

– Со овие средства, директно влијаеме на намалување на производствениот трошок што го имаат земјоделците, а со тоа го правиме домашното земјоделско производство поконкурентно на пазарите, потенцира Бабовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година