Земјите од Г-20 ветија – нема да има „валутна војна“

Од:

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите од Г-20 денеска ветија дека нема да манипулираат со своите валути со цел да ги направат конкурентно поспособни, соопштија американските медиуми.

Г-20 на крајот на дводневната средба во Москва прифати заедничко коминике, што соддржи ветувања дека државите од групата ќе се „воздржат од конкурентно обесценување на валутите“ и ќе се „спротивстават на сите форми на протекционизам“.

Рускиот министер за финансии Антон Силванов на прес конференцијата по потпишувањето на коминикето изјави дека земјите од Г-20 се согласиле дека е неопходно да се фокусираат врз засилување на економскиот раст, а не врз „манипулирање на пазарите“.

Некои инвеститори и политичари се загрижени од активностите на Јапонија, која е обвинувана дека се стреми кон намалување на вредноста на јенот за да ја стимулира својата економија и да стекне предност пред другите земји.

Ако премногу држави се обидуваат да ја девалвираат својата валута со цел да извлечат економска добивка, распалувајќи „валутна војна“, тоа може да ја поткопа кревката глобална обнова.

Во коминикето на Г-20 Јапонија не беше изрично спомената, ниту ефектот од нејзините актвиности, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Домашните производители на брашно следната недела ќе ги намалат цените

Ана Ололовска

Цените на месните производи една од следните мерки што ќе се анализираат, најави Бектеши

Ана Ололовска

Битиќи: Реквалификација на работната сили или привлекување работници од странство за да останат конкуренти домашните компании

Горан Наумовски

Бектеши: Очекуваме солидарност од сите стопанственици, кризата да не биде на грбот на граѓаните

Горан Наумовски

Најбрзорастечката компанија за поштенски услуги во регионот, „Мик Мик“ започна со работа и на македонскиот пазар

Катерина Павлова-Николовска

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска