Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018, постигната просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм

Од:

Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм. Од страна откупните компании кон тутунопроизводителите се исплатени над 5,3 милјарди денари денари или 98,24 отсто од откупениот тутун.

Од ДИЗ посочуваат дека откупот на тутун заврши во рамки на законскиот рок односно заклучно со 15 март 2019 година и се одвиваше непречено.

Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство низ државата во тек е вадењето евидентни листови, како лиценци за годинашното тутунопроизводство. Од Платежната агенција веќе информираа дека штом завршат сите административни процедури околу контролите, ќе следи и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.

Во реколтата 2018 се засеаја 14.802 хектари со тутун, а склучија 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун. Споредено со реколтата 2017, за производство на тутун 2018-та се издадоа 57 евидентни листови повеќе од 2017, и се склучија над 4.700 повеќе договори. Зголемување има и на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“.

Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа: несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до Министерството за здравство, за што добиваат одобрение.

Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет. Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.

Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.

Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандар.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции