Затворени над 20 отсто од малите бизниси во Албанија

Од:

Малите и средни бизниси во Албанија се меѓу најпогодените од пандемијата со Ковид-19, тврди претседателот на Здружението на мали бизниси, Алберт Насо.

Според него, над 20 отсто од малите бизниси веќе ставиле клуч на врата, а поради пандемијата на ниво на севкупниот бизнис во земјата 120.000 лица останале без работа.

– Проблемите се различни. Во Албанија, 95 отсто од деловните субјекти се мали и средни, кои вработуваат од еден до четворица работници, а само пет отсто се големи бизниси со по над 200 вработени. По наредба на Владата поради Ковид-19, 91.000 бизниси ги затворија вратите, а само на 6.000 бизниси им беше дозволено да работат. Ние претходно рековме дека бизнисот може да и се спротивстави на кризата само околу 20 дена. а веќе поминаа три месеци, изјави Насо за Ора њуз телевизија.

Тој додаде дека сега многу од сопствениците на бизниси ги издаваат своите работни простории.

– Ние доставивме 11 барања до албанската Влада, а само едно барање беше исполнето и тоа одложување на билансот од работењето. Над 20 отсто од бизнисите се банкрот. Зборуваме за илјадници работни места. Ние како здружение проценуваме дека има околу 120.000 лица кои поради пандемијата и неработењето на бизнисот останаа без работа, додава тој.

Насо посочува дека забраната за движење мора да се укине, бидејќи доколку продолжи ограниченото движење повеќе од сигурно е дека 85 отсто од малите бизниси ќе пропаднат.

Првиот човек на албанската конфекциска индустрија Ѓерѓ Бучуки, деновиве изјави дека проценетата економска штета во март и април, на национално ниво, изнесува две милијарди американски долари и оти секое одложување на враќањето во нормала ќе ја зголеми штетата. Затоа од Владата побарале итно враќање во нормален економски живот за сите деловни категории низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски