Започнува големото финале на типстер купот на Sport Life со главна премија – стан на Водно!

Од:

Од денес 10-ти август, стартува финалната фаза на Типстер купот 2019/2020 на Sport Life, која ќе трае во наредните 30 дена, сè до 10 септември. Тогаш ќе се знаат и 10-те најдобри „типстери“ на овој традиционален натпревар на Sport Life.

Победникот го очекува главната премија-нов стан на Водно, додека за останатите 9 натпреварувачи следуваат вредни поени за подароци по нивен избор од СЛ Маркетот. За освоеното 2-ро место следуваат 5 милиони поени, за 3-то место 2 милиони поени, за 4-то место – 1 милион, за 5-то место – 500.000 поени, за 6-то место – 200.000, 7-мо место носи 100.000 поени, 8-мо место – 50.000 поени, 9-то место – 40.000 поени и 10-то место – 30.000 СЛ Маркет поени.

Ова година, импресивна бројка од 3 520 натпреварувачи влегоа во финалната трка на Типстер купот. Тоа се победниците од претходните 9 месечни етапи (по двајца од секој објект), кои се натпреварува во типувањето, со добитните, но и со недобитните тикети. Директен пласман остварија и 6 најдобри играчи од акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“.

За сите обложувачи што се пласираа во финалето Sport Life обезбеди и ваучери од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичката.

Финалистите ќе имаат добра можност да го покажат своето спортско знаење и умешност во прогнозите со оглед на актуелната богата понуда на атрактивни и возбудливи натпревари од Лигата на шампиони, од Лигата Европа, натпреварите на плејофот на НБА и НХЛ, како и мечевите од другите државни првенства.

Правилата за натпреварување и начинот на пресметување на поените за рангирање во купот, можете да ги најдете на следниот линк

Би можело да ве интересира

Новогодишни пакетчиња од Спорт Лајф за децата од ранливите категории и за лицата со посебни потреби

Орце Костов

„Sport Life“ го прослави успехот на своите вработени за 2022 година

Ана Ололовска

„Sport Life” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

Ана Ололовска

„Спорт Лајф“ – 20 години доверба

„Играј за стан во Скопје“ – Нова акција на Sport Life

Ана Ололовска

Едукација и забава за 200 јуниори на Sport Life

Ана Ололовска