Занаетчиите му доставија барања на министерот Бектеши за надминување на моменталната состојба

Од:

Досега немало затворање на занаетчиските дуќани, но многу од нив три месеца немале промет. Нивни претставници денеска на министерот за економија му доставија предлози за надминување на моменталната состојба во која се наоѓаат поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Дел од барањата се посебни кредитни линии и минималната плата да се исплаќа додека трае кризата.

Министерот за економија Крешник Бектеши вети дека барањата на Занаетчиската комора ќе бидат разгледани.

– Се согласивме дека нивните барања можат да се реализираат и со третиот сет мерки што Владата за кратко време планира да ги претстави. Нивните барања беа да има и посебни кредитни линии имајќи предвид дека првичните кредитни линии од Развојната банка главно беа насочени кон угостителството, туризмот и транспортот, изјави Бектеши по средбата.

Од Занаетчиската комора велат дека нивните предлози се насочени кон тоа да опстанат занаетите бидејќи, како што посочуваат, ги очекува криза.

– Занаетчиството е во тешка состојба. Ги пренесовме нашите барања кои сметаме дека треба да се исполнат. Од страна на министерот беше кажано дека сите наши барања ќе бидат разгледани со цел да им помогнеме на занаетчиите да ги задржат дуќаните отворени и да ги задржат работните места, вели Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора.

Во Занаетчиската комора има околу 8.000 регистрирани занаетчии во 14 регионални занаетчиски комори.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов