Заменик-министерот Коњановски во работна посета на Богданци

Од:

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, денеска престојуваше во работна посета на Богданци.

На средбата со градоначалничката Анастасија Олумчева се запозна со активностите на локалната самоуправа и со нејзините стопански и земјоделски капацитети.

Во Богданци заменик-министерот Коњановски ги посети производствените капацитети на компанијата „Мил-Бос“, која се занимава со откуп и преработка на зеленчук и овошје, а оствари директна средба и со земјоделсците од општина Богданци.

– Имав можност да посетам земјоделци и производствени капацитети во Богданци кои своето производство го пласираат надвор од земјата, што е охрабрувачки. Значи дека инвеститорите ги препознаваат добрите мерки на владата и се повеќе и повеќе се вложува во земјоделието, изјави Коњановски изразувајќи воедно и задоволство од она што го виде и слушна во Богданци.

Коњановски ги запозна присутните на средбата со градењето на браната „Конско“ како еден од најкрупните проекти кој ќе се реализира во овој регион почнувајќИ од наредната година.
Тој рече дека подготовките се во завршна фаза и оти во тек е изработката на планската документација.

Заменик-министерот Коњановски истакна дека средствата за експропријација се издвоени и оти очекува до крајот на годината процесот да заврши, а веќе наредната година да почне градбата на браната, инвестиција вредна околу 30 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов