Законски новини против коруптивни влијанија во урбанистичкото планирање

Од:

Полесни решенија во делот на изработка на урбанистички планови, надминување на коруптивните влијанија во оваа дејност, воведување регионални урбанистички инспектори, овозможува новиот Закон за урбанистичко планирање, што беше изгласан едногласно во Собранието завчера, а ќе стапи во сила во мај годинава, откако ќе бидат изработени подзаконските акти.

Со законот е утврден рок на суспендирање на план не подолг од година, а во тој период органот треба да донесе нов план. Се зајакнува инспекцискиот надзор и надлежностите на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) со воведување регионални урбанистички инспектори. Со тоа ДИГУ ќе може да врши надзор над плановите, а тоа досега не се правеше, рече денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој појасни дека со Законот се излегува во пресрет на општините и се поедноставуваат постапките за донесување на плановите особено за урбанистичките планови за села.

-Постапките ги правиме потранспарентни за граѓаните, со тоа што уште на почеток од постапката за донесување на било кој план, надлежниот орган јавно ја истакнува планската програма на веб страната од општината. Заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност при урбанистичкото планирање уредуваме за јавната анкета да трае најмалку 30 дена до најмногу 90 дена. Понатаму, органот што го носи планот задолжително формира тело во кое ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и интересни групи од локалната заедница, истото има право да расправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој во општината, рече Сугарески.

Првпат се дефинираат рокови во постапката за донесување на план, односно 18 месеци за изработување и донесување на Детален урбанистички план и Урбанистички план за вон населено место, 36 месеци за Генерален урбанистички план, Урбанистички план за село и Урбанистички план за градби и подрачја од државно значење, 48 месеци за изработување и донесување на Генерален урбанистички план за градот Скопје.

Во случај на непочитување на тие рокови од неоправдани причини, посочи Сугарески, се предвидени прекршочни одредби.

Новина во законот е и тоа што првпат се предвидува постапка за ГУП за град со плански опфат до 400 хектари во кој целиот плански опфат може да биде разработен и како ДУП, а кој претставува составен дел на ГУП-от. Со тоа малите градови истовремено ќе добиваат и ГУП и ДУП. Првпат се предвидува синхронизирана постапка за донесување на план, како на пример кога измените и дополнувањата на деталниот урбанистички план се условени со таква постапка и на генералниот урбанистички план и сл. Таа постапка практично најмногу ќе им биде од корист на општините во град Скопје и Град Скопје.

Законот предвидува и обединета постапка со која истовремено се изработува и донесува генерален урбанистички план и најмалку еден детален урбанистички план во границите на планскиот опфат од генералниот урбанистички план.

Сугарески ги отфрли обвинувањата дека власта доцни и го кочи носењето на законоти наведе дека тој се креирал повеќе од година и половина – Сакавме да воспоставиме една пракса во носење на вакви курцијални закони. По секој цена не сакавме да креираме и донесеме Закон кој ќе беше штетен како и претходните. Затоа година и половина, целата стручна јавност, граѓаните преку граѓанските организации, образовните институции и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествуваа во креирање на овој нов Закон, рече Сугарески.

Во Собранието на негово барање, дополни, се одржа и Јавна расправа пред донесување на Законот, се формираше и посебна работна група на која се усогласуваа сите амандмани што беа поднесени за подобрување на неговиот текст.

-Законот за урбанистичко планирање е дел од реформските закони што ги започнавме во делот на земјишната политика, а со кои имаме цел да го унапредиме планирањето на просторот и да го поттикнеме градежништвото.Донесовме нов современ, стручен и европски закон со кој овозможуваме просторен и економски развој на државата, наведе Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска