Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114. седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во второ читање.

На дневен ред на седницата се и Предлог – законот за изменување на законот за основање државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, предлог – законите за изменување на законите за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за данок на добивка, за извршување на санкциите, сите по скратена постапка, како и предлог – законите за класифицирани информации, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во прво читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Претседателски избори и Предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар 2019 година и предлог – одлуката за основање Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, поднесен од група пратеници.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови