Зајакнуваат акциите на светските берзи, нафтата поевтини

Од:

Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини.

Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави Си-Ен-Би-Си.

Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс порасна за 0,22 проценти. Јужнокорејскиот Коспи напредуваше за 1,73 проценти, а тајванскиот Тајекс за 1,83 проценти.

Акциите во Австралија исто така пораснаа, при што индексот S&P/ASX 200 порасна за 0,63 проценти.

Најширокиот берзански индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, забележа раст од 1,52 проценти.

Берзите во континентална Кина и денеска се затворени поради празници.

На берзата во Њујорк, индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 102,32 поени на 34.416,99 поени во текот на ноќта, а S&P 500 зајакна за 0,41 проценти, на 4.363,55 поени. Технолошкиот Насдак Композит забележа раст од 0,47 отсто на 14,501,91 поени.

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг. Тргувањето на глобалните берзи е разнишано од почетокот на октомври поради стравот на инвеститорите од зголемените каматни стапки и инфлација.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, изнесуваше 94.226 поени, откако неодамна порасна од нивото под 94.2 поени.

Јапонскиот јен се тргуваше по 111,41 јени за долар, зајакнувајќи малку од вчерашното ниво од над 111,6 јени.

Цените на нафтата ослабнаа во попладневното тргување во Азија, при што фјучерсите на нафтата од типот Брент паднаа за 0,52 проценти на 80,66 долари за барел, додека американските фјучерси на нафтата WTI паднаа за 0,97 проценти на 76,68 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски