Заев: За дел од граѓаните помош од една минимална плата, се запира и извршувањето додека трае кризата

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, освен мерките кои предвидуваат функционерите и јавниот сектор во април и мај да земаат минимална плата од 14.500 денари, до Владата предложи низа други мерки кои се однесуваат на граѓаните и приватните фирми, а во врска со кризата поради коронавирусот.

СДСМ предлага до Владата за сите приватни фирми погодени од кризата Владата да помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок.

„Од 99 шифри на дејности безмалку половина се погодени од кризата директно или индиректно, но секако се знае и кои не се погодени од кризата, односно имаат мали последици и тие секако не се опфатени“, рече Заев.

Оваа мерка, според СДСМ, ќе можат да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година. Во мерката нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари.
Трет услов е фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.

За оваа мерка се предлага да се одвојат 120 милиони евра.

Понатаму, СДСМ ќе предложи за граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата да исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци.
За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија се предлага брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај и тие да добиваат просечно по 7.000 денари по домаќинство.

СДСМ предлага до Владата да се запре Законот за извршување до крајот на јуни.

„Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаеви кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители“, рече Заев.

Се предлага банките да ги одложат сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата за три месеци. Тоа би значело дека априлската рата кредит да се плаќа во јули.

СДСМ ќе предложи од владата да се ослободат три месеци од плаќање закуп корисниците на социјалните станови.

Партијата предлага и бескаматни кредити за фирмите, а со законска уредба да се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.

Се предлага и помош за медиумските работници и медиумските куќи, односно за сите информативни дејности, Владата да обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.н Истото се однесува и на спортските работници, а за 141 самостоен уметник се предлага да биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

СДСМ бара согласно фреквенцијата на граѓани, од 7 до 9 часот наутро, во продавници и аптеки да може да купуваат само пензионерите, лицата со попреченост како и бремените жени.

„Ова е нов предлог пакет мерки кој е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите вас кои чесно си ја заработувате платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓате пред неизвесност за својата егзистенција. Ова се мерки со кои гарантираме дека ќе обезбедиме основен приход за секој граѓанин“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов