Заев: Во буџетот има шест милиони евра, јавниот долг е над 50 отсто од БДП

Од:

Премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ со уредници на медиуми вечерва изјави дека се поминати линиите на ликвидност во државниот буџетот, оти во него нема 130 милиони туку 6 милиони евра, но оти е убеден дека новата Влада ќе ги сервисира сите обврски на државата и потребите на граѓаните.

– Поминати се сите линии на ликвидност во буџетот. Во државниот буџет нема 130 милиони туку 6 милиони евра, има се уште неевидентирани доспеани обврски кон државата за кои ќе треба период за да се соберат информации кои ќе им ги соопштиме на граѓаните. Тоа значи дека јавниот долг го поминал прагот од 50 проценти од БДП, затоа што има многу завршни ситуации кои не се фактурирани бидејќи ако ги фактурира деловната заедница ќе треба да плати ДДВ, а не знае кога ќе си го поврати. Мислам дека има скриен долг кој не е евидентиран во севкупниот долг на државата поголем од една милијарда. Ова е се уште логична информација. Министерот за финансии ќе излезе на прес-конференција и како што ќе ги добива информациите ќе и ги соопштува на јавноста. Ова не го кажувам за да го исплашам народот. Имаме добар менаџмент, ќе го изменаџираме целиот овој процес и Македонија ќе тргне напред, изјави Заев.

Истакна дека е убеден оти државата ќе има доволно средства да ги следи сите политики, да ги алиментира сите потреби на граѓаните, онака како што се испорачани како ветувања од новата Влада, како и за редовна исплата на пензиите.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов