(ВИДЕО) Заев: Уште не сум министер за финансии, чекам решение од Влада

Од:

Премиерот Зоран Заев чека утре на седница на Владата да добие решение со кое се пренесува правото за раководење со министерството за финансии до изборот на нов министер. Целта за ова, повтори Заев, дека му е да носи крупни одлуки за доброто на граѓаните, а дел од работата ја остава на заменичката која по Закон го менува министерот за финансии.

Во врска со најавите за ребаланс на буџетот, премиерот рече дека следи разговор со сите буџетски корисници.

– Ќе недостасуваат пари за гасификација, важен проект е, железници, патишта еден дел ќе има промени од фискални импликации како повратот на ДДВ и друго. Средина на јули ќе соопштиме кога ќе биде ребалансот, рече Заев.

Премиерот не одговори кој ќе биде советник откако разрешениот министер за финансии, Тевдовски најави дека се враќа како професор на факултет.

Тевдовски беше еден од министрите опфатени со реконструкцијата на Владата, а за неговото место премиерот Заев се предложи себеси.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата