Заев: Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите

Од:

Состојбата во лозарството е тешка, но ќе бараме фер решение, низ дијалог, кое ќе им одговара на сите, и на производителите и на винарските визби и на државата. Притоа, треба да бидеме разумни и рационални, да ја земеме предвид КОВИД пандемијата која претставува удар за сите сегменти во стопанството, рече премиерот Зоран Заев пред денешната средба со лозарите во Кавадарци.

Заев истакна дека за помош на лозарството годинава се проектирани дополнителни 5,5 милиони евра, а се размислува и за директна поддршка на извозот на наливно и флаширано вино – во просек по 400 евра од возило. Целта е, објасни, да се овозможи пласман на залихите во визбите и зголемување на нивниот капацитетот за откуп на родот.

Како што нагласи премиерот, засега во винариите, поради неработењето на угостителски објекти дома и во странство, има околу 55 милиони литри вино залиха, а лани ова време резервите беа 30 – 35 миолиони литри.

Освен залихите вино, дополнителен проблем, посочи Заев, е и болеста на грозјето која зафати 20 – 30 проценти од насадите.

-Денеска сме овде да најдеме решение кое ќе биде фер и за лозарите и за визбите и за државата. Очекувам плодна, квалитетна дебата и изнаоѓање начин за надминување на состојбата. Верувам дека ќе утврдиме начин за решевање на проблемите зашто за неколку дена и официјално треба да стартува откупот, а некаде во помали количини веќе почна. Чесно се поставивме уште со ребалансот во мај, пред изборите. Предвидовме буџетски средства, знаејќи дека ќе дојдеме до вака тешка состојба, нагласи Заев.

Потсети и на средбата со винариите на која се утврдија одредени цени за гројзето, но, сепак, повтори, мора да се најде фер и правично решение од кое ќе бидат задоволни сите.

-Тоа што го договоривме на работниот состанок со визбите на кој беше и веќе актуелниот министер за земјоделство, Хоџа, е да ја постигне ланската цена при што државата ќе направи дополнителна интервенција зашто откупните цени ќе бидат пониски. Проблемот е главно кај „вранецот“ и „смедеревката“. Во кавадаречкиот регион има 40 милиони литри, а во цела земја 80 милиони што е 45 спрема 55 отсто во полза на „смедервката“ и тука треба да ја направиме вистинската интервенција. Договоривме за „вранецот“ 11 денари, а за „смедеревката“ девет. Државата ќе интервенира со два плус два денара за да ги постигнеме конечните цени од 15 денари за вранец и 13 денари за смедервка. Обезбедивме и два денара за високосортните грозја со кои се покриваат десет милиони килограми што дополнително е издаток од 20 милиони денари. Вкупно, државата ќе издвои 340 милиони денари или 5,5 милиони евра, нагласи премиерот.

Во врска со поддршката на извозот на вино, рече дека предлогот се уште се разгледува, а предвидува супституција на транспортните трошоци, 20 отсто за извоз на наливно и 30 отсто за извоз на флаширано вино.

-Тоа би биле над 1,5 милиони евра дополнители субвенции за да се пласираат залихите и визбите да имаат поголем откупен капацитет, дециден е Заев.

На средбата со лозарите присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, како и министерот за земјоделство Аријант Хоџа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов