Заев: Со Предлог-буџетот за 2022 ќе се интензивира реализацијата на инфраструктурни проекти

Од:

Повисоки стапки на економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните се во фокус на оваа Влада. Во тој правец е димензиониран и Предлог-буџетот за 2022 година, наведува во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој истакнува дека вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021 година и се планирани на 238,9 милијарди денари, додека расходите се за 1,4 проценти повисоки од 2021 година, а се планирани во износ од 272,4 милијарди денари. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки за 27 проценти во однос на Буџетот за 2021 година. Тековните расходи се намалени за 4,3 милијарди денари во однос на 2021 година.

Непродуктивните трошења, истакнува Заев, ќе се намалуваат, а ќе се позајмува само за реализација на инвестициски проекти во клучните инфраструктурни области што ќе генерираат економски раст.

-Ја интензивираме реализацијата на инфраструктурните проекти, во патната, железничката, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. Продолжуваме и со поддршката на реалниот сектор, преку КОВИД програми, за што се издвоени 4,6 милијарди денари, пишува Заев во објавата.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6