(ВИДЕО) Заев: Со поврат на ДДВ ќе се стартува од 1 јули, првите шест месеци ќе бидат експериментални

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на пратенички прашања најави дека повратот на 15 отсто ДДВ ќе почне да се спроведува од 1 јули идната година, но во првите шест месеци, како што кажа, ќе биде експериментален. Заев образложи дека системот бил подготвен да почне порано, но поради одредени законски одредби почекале и официјално во зависност од резултатите, мерката би требало да стартува од 1 јануари 2020 година.

„Картичките се лимитирани до 30 000 за да се направи фер распределба, затоа што побогатите трошат повеќе, па и повратот на данок би бил поголем. Системот е целосно подготвен за ставање во функција. Експериментално ќе се однесува на граѓаните кои се приматели на социјална помош и оние семејства кои имаат по еден вработен, за да можеме да дадеме шанса за овие 6 месеци на најсиромашните граѓани“, појасни Заев.

Претходно пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го обвини премиерот дека сè уште не го реализирал даденото ветување на граѓаните за поврат на ДДВ и праша како е задоволен Заев од спрoведувањето на оваа мерка.

„Изјавивте дека со 15 проценти од ДДВ што го има на секоја сметка за вода, за храна, за облека за струја, за тоа што плаќаат граѓаните ќе се врати назад. Рековте дека тоа ќе обезбеди 30 илјади денари, една плата плус за секое семесјтво и за секој граѓанин. Со тие пари граѓаните ќе можат да си ги платат давачките, трошоците, извршителите, кредитите, да платат нова соба за младите, да можат да платат годишен одмор. Како сте задоволен од проектот поврат на 15 проценти ДДВ господине Заев?, праша Милошоски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Лукаревска: Повеќе за сите е успешната мерка Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра кај граѓаните

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов