Заев: Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови

Од:

Денеска тука во Скопје, отворивме нови перспективи за нашите држави, за нашите народи, економиии и општества. Македонскиот, албанскиот и српскиот народ пред себе имаат ист пат, иста визија и исти вредности – европските. Одиме по истиот пат заеддно, напред, поврзани, рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на регионалниот економски фоурм.

Заев напомена дека Балканот доволно долго беше опкружен со ѕидови и дека наместо ѕидови, денеска се изгардија мостови.

– Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови. Присутните преку 400 пристуни на форумот се капиталот на иницијативата „Отворен балкан“. Нивните дискусии, дебати и проекти што тука ги афирмираа и ги здружија, сведочат дека иницијативата е платформа која која му е потребна на регионот, подвлече Заев.

Тој се осврна на потпишаните два меморандума за разбирање и меѓудржавниот договор кои денеска беа потпишани во рамки на Форумот и со кои треба да се интензивира соработката во регионот.

По Заев, на прес-конференцијата се обратија и Вучиќ и Рама.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска