Заев и Битиќи се сретнаа со претседателот на Грчката бизнис асоцијација во Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис асоцијација во Скопје и со претставници од Асоцијацијата, во којашто членуваат големите грчки компании, кои работат во државава.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се изразени честитки за изборот на премиерот Заев и на новата Влада во земјава, на којашто се гледа како на двигател на евроатланските процеси на нашата држава и на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Грција.

На состанокот е разговарано за проширување на соработката помеѓу двете земји преку значително и ефикасно унапредување на економската соработка. Целта е отворање можности за развој на компаниите и на економиите на двете држави, за што постојат реални услови и во што може да даде свој придонес Грчката бизнис асоцијација во Скопје. Во таа насока разгледани се и некои конкретни иницијативи, како што е реафирмација на иницијативата за избегнувањето двојно оданочување, како можност за придобивки за двете страни.

-Претстои период во којшто граѓаните од нашите две држави ќе почувствуваат бенефити од зацврстените пријателски односи. Тоа е возможно преку економијата и активно ќе соработуваме со нашиот стратешки партнер Грција, рече премиерот Заев.

Заеднички е ставот дека е дојдено време кога граѓаните на Република Северна Македонија и на Република Грција ќе почувствуваат и економски бенефити, по Договорот од Преспа, низ ефикасна соработка помеѓу компаниите и бизнис заедниците од државите, како на билатерално, така и на регионално ниво.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

За намалување на платите на функционерите требало консензус од сите засегнати вели Битиќи

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот