(ВИДЕО) Заев: Државата преку релокација на средства може да креира мерки за рамноправност и еднаквост на сите граѓани

Од:

Сите како пратнери во парламентарното мнозинство и владината коалиција сме одлучни да работиме за граѓаните не делејќи ги по етничка, социјална, политичка, верска, културна или било која друга основа, пoрача денеска премиерот Зоран Заев.

-Државата во своите институции може да креира мерки кои ќе значат рамноправност и еднаквост на сите граѓани, но тоа ќе го прави со релокација на средства преку капитални инвестиции во региони каде граѓаните се посиромашни и во населени места каде стандардот на животот е понизок. На тој начин ќе мотивираме дополнителни домашни и странски инвестиции за токму таму да се отвораат работни места, рече Заев во одговор на прашање пред почетокот на работната средба со ССК заедно со економскиот тим на Владата.

Тој посочи дека регион со најголема невработеност е Кумановскиот и додаде дека државата тоа го има во предвид и во стратегиите за рамномерен регионален развој и во програмата на Владата за таму да алоцира одредени свои ресурси. Од тоа корист, како што рече, ќе има и инвеститорот бидејќи има поголем корпус на невработени луѓе од кои ќе може да ги бара своите идни вработени.

-Верувам дека и државата со јавните институции, но и приватниот сектор бараат работници што ќе работат без разлика каква е нивната етничка или било каква друга определба. Граѓаните можеме да ги гледаме од аспект на оние кои се заинтересирани да работат и оние кои не се заинтересирани да работат и во тој дух треба да продолжиме, истакна Заев.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССК Данела Арсовска посочи дека заедно со нејзиниот тим секогаш се залагала за рамноправен третман на сите граѓани особено во корпоративниот дел при вработувањето.

-Тоа значи дека секој треба дабиде третиран подеднакво кога има можност да добие работно место или повисока корпоративна функција. Истото би се однесувало и во делот на вработување каде ќе ставите било каков друг критериум кој ќе ги дискриминира сите останати. Единствените критериуми треба да бидат знаењето, квалитетот и вистинските вредности, додека полот, етникумот, фризурата, тежината треба да бидат нешто кое не треба да има никакво влијание при вработување, рече Арсовска и нагласи дека при вработување едниствените критериуми треба да бидат вредноста на човекот и неговите квалитети.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска