Заев до Дендиас: Кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард

Од:

Поддршката која Република Северна Македонија континуирано ја добива од Република Грција на патот на евроатланските интеграции и развојот на трговската размена и инвестициите помеѓу двете држави биле теми на средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендиас во рамки на неговата официјална посета на државава.

Како што соопшти владината прес-служба, Грција е трет најголем инвеститор во Северна Македонија, а претендира во следниот период да дојде на првото место. Преспанскиот договор е извонредна можност за зајакнување на културните и економските врски помеѓу двете држави.

Министерот Дендиас рече дека без разлика кој е на власт во Грција, секоја влада принципиелно се залага за имплементирање на заклучоците од Солунскиот самит со кој се поддржува интеграцијата на балканските земји во Европската унија. Дендиас додаде дека по барање на премиерот Мицотакис во следниот период ќе ја интензивира својата лоби агенда во европските центри на моќ, во кој ќе бара начин како Северна Македонија што е можно побрзо да го почне процесот на преговори со Европската Унија.

Премиерот Заев се посочува, се заблагодари за севкупната поддршка што ја добиваме од Владата во Атина и се осврна на потребата за зголемување на економската размена, но и подобрување и отворање на нови инфраструктурни канали што треба да ја поддржат бизнис заедницата.

Кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард, подвлече премиерот Заев, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје