За првпат доделени награди за одржлив развој

Од:

Здружението „Конект“ за првпат во нашата земја ги додели наградите „Предводници на Целите за одржлив развој“ на компании, поединци, млади бизнис лидери од компании поради нивниот придонес кон Целите за одржлив развој (SDGs).

Наградите им беа врачени на компаниите: Пивара АД Скопје, Фармахем, Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Адора инжинеринг ДООЕЛ и Макпрогрес доо.

Што се однесува до поединци наградите им беа врачени на Наталија Бургиева од Мама Органа, Мартина Блинкова Дончевска од ИЕГЕ и Соња Бојаровска од Тинекс. Награди им беа доделении и на млади бизнис лидери (до 35 год.). Наградите за млади бизнис лидети отидоа во рацете на Сара Кочан од Данцерс Унитед Мк ДОО Скопје и Ирина Тошева од Ателје Ирина Тошева.

Специјално признание, им беше доделено на Мастер Протекшн-Подржница Доун фор ју за вработување на лица со пореченост во услужна дејност. На Церемонијата за доделување на наградите се обратија заменик на претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, раководителот на секторот за соработка на Делегација на Европската Унија, Никола Бертолини, вршител на должност постојаниот координатор на ООН и претставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс и извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова.

„Целите за одржлив развој не може да се исполнат ако се насочиме само на едно нешто, само на образование или само кон социјалната политика, туку треба да биде сеопфатно. Затоа централно место во сето ова имаат и компаниите, затоа што се тие работодавачи и тие треба да бидат општествено одговорни и да целат кон тоа заедно со заедницата да градат подобро општество,“ истакна Анѓушев.

Никола Бертолини, раководителот на секторот за соработка на Делегација на Европската Унија, посочи дека „Вистинско демократско општество е тоа каде одлуките се носат преку инклузивен меѓусекторски дијалог на граѓанските организации, приватниот сектор и институциите, одговарајќи на барањата на граѓаните и во насока на одржлив развој на општеството во целина.“

„Иако Обединетите нации се двигател на Глобалниот договор и на Целите за одржлив развој, нивната реализација зависи од локалните компании и поединци кои ги прифаќаат тие цели и ги ставаат секојдневно во употреба, преку своите активности. Во име на ОН сакам да ја поттикнам јавноста да го следи примерот на наградените, да ја охрабрам Владата да ги прифати Целите со креирање на законодавна и политичка рамка за поддршка на оние кои активно работат на нивно постигнување“ – изјави Бенџамин Перкс, вршител на должност постојан координатор на ООН и претставник на УНИЦЕФ.

„Целите за одржлив развој даваат уникатна можност бизнисот да создава подобро општество. Квалитетното образование, здравата и продуктивна работна сила и разумното користење ресурси се предуслови за развој на бизнисот што кај нас се препознаени. Добитниците на наградите веќе прават многу и инспирираат, а Конект ќе продолжи да ги поддржува сите бизниси во остварувањата на целите градејќи партнерства со граѓанскиот сектор и институциите,“ – изјави извршната директорка на „Конект“, Никица Кусиникова.

Целите за одржлив развој се визија за одржлива иднина на светско ниво и нудат можност за воспоставување на нова димензија на бизнис секторот. Усвоени во 2015 година од 193 држави во Обединетите нации, меѓу кои е и нашата земја, тие можат да ја обликуваат новата ера на компаниите кои се посветени и отворени за нови предизвици.

Наградите за одржлив развој ги додели „Конект“, во партнерство со мрежата на Глобалниот договор од оваа земја, а во рамки на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ финансиран од Европската Унија. Наградените ќе бидат инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој. Повикот за номинирање за наградите беше објавен на почетокот на годината.

(ПР текст) 

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески