За првиот Европски квиз на парите во Македонија пријавени 3000 ученици

Од:

Три илјади деца од 145 одделенија од основните и средните училишта во Македонија се пријавија да учествуваат на првиот Европски квиз на парите.

Може да учествуваат млади од 13 до 15 години, а организатор на квизот е Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност.

Организаторот наведува дека во наредниот период пријавтени ќе посветат повеќе внимание на едукација од областа на финансиите и економијата, што ќе овозможи покревање на финансиската писменост кај младата популација, како значаен аспект за изградба на квалитетни кадри во иднина.

-Што се парите, кој ги издава, каде и како се штеди – ова се само дел од прашањата на кои ќе треба да одговорат тинејџерите од нашата земја. Ќе треба да знаат и што е кредит, камата, профит, што се акции, каде и како се купуваат или се продаваат, како да се заштитат од компјутерски измами… многу прашања чии одговори, носителите на иднината на нашава земја – младите, ќе треба да ги научат и да ги совладаат во текот на следниве месеци, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Квизот ќе се одвива во две фази – прва се националните првенства во земјите учеснички, а втора фаза е финалниот натпревар што се одржува во Брисел. Со цел подобра подготовка, на 22 февруари, во просториите на НБРМ ќе се одржи подготвителна средба и обука за наставниот кадар, односно менторите на учениците вклучени во националното натпреварување.

Натпреварувањето во Македонија ќе почне на 13 март кога во сите класови и одделенија на пријавените училишта ќе се спроведе првото подготвително тестирање, а една недела подоцна да се одржи и второто. По овие две тестирања, двајца ученици од секое одделение и клас што ќе покажат најдобри резултати на двете тестирања ќе настапат на финалниот национален натпревар, што ќе се одржи во Скопје на 27 март, за време на Европската недела на парите. По финалниот натпревар ќе бидат познати двајцата победници кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Европскиот квиз на парите во Брисел, Белгија, на 7 мај годинава. И на националните натпревари и на завршницата во Белгија, тестирањето на учесниците ќе биде спроведено на мајчин јазик.

Би можело да ве интересира

Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

Ана Ололовска

Никола Поповски именуван за в.д. главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија

Ана Ололовска

Кина создава своја дигитална валута

А1он

Големи американски банки на Конгресот му предадоа документи за паричните трансакции на Трамп

Донесени законите за основно образование и за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта

Ана Ололовска

Јавна расправа во Собранието за Предлог законот за основното образование

Ана Ололовска