За исплата на штетите нема потреба од нови задолжувања

Од:

Денешната изјава на Емил Димитриев е потврда дека владините институции се во целосен хаос околу справувањето со последиците од поплавите што ги зафатија скопскиот и тетовскиот регион, реагираат од СДСМ.

Ниту проценката е завршена како што беше најавено, ниту се најавува минимум праведна распределба на првичната помош за настраданите.

Доказ за неспособноста на оваа влада е признанието дека за најавените 33 милиони евра за отштета дополнително планираат да земат нов кредит од меѓународни институции. И покрај тоа што пред помалку од еден месец незаконски издадоа еврообврзница од 450 милиони евра, денес самите признаа дека не се во состојба од тие средства да одвојат само 7% и да ги наменат за санирање на штетите од поплавите.

СДСМ предлага 20 милиони евра од четвртата еврообврзница, што беа наменети за бегалската криза да се пренаменат за санирање на штетите од поплавите. Истовремено Владата под итно да се откаже од 15 милиони евра најавени за Рајската Градина во општина Аеродром и од 18 милиони евра за Панорамското тркало.

Со пренамената на било кој од овие два проекта, заедно со средствата од четвртата еврообврзница нема да има потреба од никакво дополнително задолжување. Елементарните потреби и проблеми на граѓаните на Р.Македонија мора да бидат ставени како приоритет пред изградбата на тркала и градини.

СДСМ бара што побрзо да започне исплатата на штетите на настраданите од поплавите, под еднакви услови за сите граѓани, без партиски списоци и без никакви дополнителни кредити, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ кампањата ќе ја почне во Битола, а ќе ја заврши во Куманово

Катерина Павлова-Николовска

Кузеска: Кадри на Груевски и осомничени лица, тоа е понудата на Мицкоски за градоначалници

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против граѓаните, блокира и кочи закони што носат придобивки за сите

СДСМ: Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови

Ана Ололовска

СДСМ: Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 27 години го уништуваа главниот град, сега немаат понуда па шират лаги за Петре Шилегов

Ана Ололовска