За една недела истекува рокот за аплицирање за „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

– Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака, Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје. Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до наредната сабота ( 01- ви август 2020 година), информира Агенцијата.

Според директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во секторите растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

– Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција, посочува Бабовски.

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

– Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, се додава во соопштението на Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска