За една година фотоволтаиците произвеле струја колку за шест градови во Македонија

Од:

За една година Регулаторната комисија за енергетика издала 267 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори, најмногу за фотоволтаични централи, а во првите работни денови пристигнати се 13 нови барања за фотоволтаици.

Минатата година се инсталирани производни капацитети кои се приклучени или на преносна или на дистрибутивна мрежа. Најмногу, 106,5 мегават-часови се произведени од фотоволтаични електрани, 36 мегават-часови се од ветерната електрана во Свети Николе која е прва приватна компанија, 7,2 мегавати се од мали хидроелектрани и 2,5 мегавати се од електроцентрали кои користат биомасло.

– Вкупниот инсталиран капацитет за производство на инсталирана електрична енергија е зголемен за седум проценти во однос на 2021 година. Инсталираниот капацитет на овие електрани од обновливи извори одговара на капацитетите на ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Света Петка и ветерниот парк во Богданци. Оваа произведена струја од обновливи извори може да снабди 65.700 домаќинства или приближно шест града зедно како Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Свети Николе. На овој начин се доаѓа до чиста енергија и ние во регионот сме напред во транзицијата. Во 2023 година имаме добиено нови 13 барања за фотоволтации и верувам дека ќе имаме нови 250 до 300 мегавати само оваа година – соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека регулаторот ќе се концентрира на воведување на подзаконска регулатива за поставување на батерии со цел да се олесни балансирањето на целиот енергетски систем.

– Батериите како технологија се релативно скапи и може да ја зголемат цената од 20 до 30%. Но има субвенции кои драстично ќе ја намалат таа разлика. Некои искуства покажуваат дека во производствената цена на струјата, батеријата ќе учествува со удел помеѓу 10 и 20 отсто – додаде Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаиците

Орце Костов