За две недели 70 жалби за неисплатен К15

Од:

Две недели откако помина рокот за приватните компании да им исплатат регрес за годишен одмор, 70 лица пријавиле во Државниот инспекторат за труд (ДИТ) дека парите не им биле исплатени. Од овие 70 пријави, само осум биле анонимни, а останатите јавни.

Од Инспекторатот велат дека очекуваат да стигнат и други пријави.

– Пријавите се, главно, од работници кои работеле по шест месеци во фирмите, но откако им престанал работниот однос, регресот за годишен одмор не им бил исплатен. Засега има само 70 пријави, но поминаа само две недели од изминувањето на рокот. Очекуваме во наредните денови да има уште пријави – велат од инспекторатот.

Откако граѓаните ќе пријават дека не им е исплатен регресот, инспекторатот проверува и ако навистина работникот ги исполнувал условите за К15, а не му бил исплатен, носи решение со кое ѝ наложува на компанијата да го исплати регресот. Ако и покрај тоа фирмата не постапи според решението, инспекторатот поднесува барање за поведување прекршочна постапка против компанијата. Глобите за ова дело се за фирмата од 2.000 до 3.000 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.

Оние работници на кои не им е исплатен К15 можат да пријават преку интернет-страницата на ДИТ и на телефонските броеви кои се објавени на нивната веб-страница.

Мета

Би можело да ве интересира

Томовска: Мерката за исплата на регресот за годишен одмор е проблем за правниците, нема законски утврден минимален износ

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Ана Ололовска

НСОН: Зошто секторот образование е изземен за „К-15“

Драган Поповски

Царовска смета дека нема ништо спорно во исплатата на К-15 предвидена со колективниот договор за администрацијата

Ана Ололовска

Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор

Хесиншки комитет регистрира исплати на К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

Ана Ололовска