Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија е на историски максимум во резервите на природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.

-Обезбедивме 262 милиони кубни метри гас во нашиот дел од магацинот во Банатски двор, а купивме уште 200 милиони кубни метри кои ги складиравме во Унгарија, само за потребите на Србија, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „будуќностстбијеав“.

Тој додаде дека државата ги ремонтира сите термо капацитети што може и се обидува да отвори нови наоѓалишта на јаглен.

-Се на се, сигурен сум дека граѓаните на Србија ќе имаат барем за нијанса помалку студена зима од она што го очекувавме, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати