Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

Од:

Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да ја искористат и втората дадена можност од банките за одложување на отплата на обврските за уште шест месеци.

Банките веќе ги имаат објавено понудите за да може тие што имаат потреба, да се пријават, а во наредниот период ќе се знае точно на кои ќе биде одобрено одложување на плаќањето на обврските, затоа што сега оваа мерка на банките и Народната банка, е да се опфатат тие што навистина имаат проблем со отплатата.

На крајот на овој месец завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата што деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ. Понудата според споделени податоци ја одбија една третина од граѓани, но дел од оние што првично ја прифатија потоа потоа се вратија повторно во редовна отплата на кредитите.
Според понуденото граѓаните го одложија плаќањето на обврските од 1 април до 30 септември, во период од шест месеци. Понудата можеа да ја користат сите физички лица за кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, а кои на 29 февруари беа класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Новите шест месеци одложување на плаќање на обврските не се однесува на сите физички лица.

„Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на Ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, а согласно регулативата на Народната банка, банките во Република Северна Македонија овозможуваат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата“, наведуваат од банките.

Секоја деловна банка на својата веб страница има објавено детални иформации, а клиентите рок од 10 дена од објава на понудата да се изјаснат дали имаат потреба од продолжување на одложената отплата на обврските.

Граѓаните треба да ја информираат банката, дека ја прифаќаат понудата, а потоа и да ги образложат причините за одложување на отплатата, дали е тоа поради намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, кои ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.

Граѓаните ќе бидат во можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка.

Доколку настане промена на условите и тие се подобрат кај клиентот тој може да побара од својата банка да се врати во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов