Временска банка – дигитална платформа за плаќање за извршена услуга со време

Од:

Користење на сопственото време, наместо пари, како ресурс за плаќање и размена на услуги со други луѓе, овозможува новата дигитална платформа – временска банка „Час за час“ изработена од здружението на граѓани „Младите можат“, преку креатонот на Фондот за иновација и технолошки развој.

Концептот на дигиталната платформа – временска банка е многу едноставен: трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење со некој друг преку вештините што вие ги поседувате, а за возврат заработувате кредит од еден час која оди во вашата временска банка, што можете да го потрошите за услуга од еден час што вас ќе ви е потребна од некој друг.

Секој час се цени исто, без оглед на извршената услуга и секој вид услуга може да се разменува за друга.

Дигиталната платформа chaszachas.mk е бесплатна и достапна за сите и која ги следи часовите што членовите на банката ги заработуваат и трошат.

Проектот е поддржан од Фондот за иновација и техонолошки развој (ФИТР) како дел од КРЕАТОНОТ наменет за идеи кои имаат за цел да ги олеснат условите за време на пандемијата настаната од Ковид-19 и е имплементиран од Здружението на граѓани Младите можат.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска