Вредноста на „Тесла“ надмина трилион долари

Од:

Пазарната вредност на компанијата „Тесла“ надмина трилион долари вчера, откако ја доби најголемата нарачка на возила досега од компанијата за изнајмување автомобили „Херц“.

Акциите на „Тесла“ пораснаа за 14,9 отсто, а вредноста на компанијата достигна 1,045 трилиони долари, со што таа стана највредниот производител на автомобили во светот. Тесла е и првата автомобилска фирма која се приклучи на елитниот клуб на компании со вредност од трилиони долари и повеќе, каде што се „Епл“, „Амазон“, „Микрософт“ и „Алфабет“.

За „Тесла“ и нејзините инвеститори, одлуката на „Херц“ да нарача 100.000 „Тесла“ автомобили покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку ќе доминираат на масовниот пазар на автомобили во блиска иднина.

„Електричните возила сега се во широка употреба и ние сме само сведоци на почетокот на глобалната побарувачка и интерес“, рече извршниот директор на „Херц“, Марк Филдс.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск постави стапка на раст на продажбата од 50 насто годишно, која во одреден миг би требало да достигне 20 милиони продадени возила за една година. Тоа е двојно повеќе од продажбата на актуелните лидери на пазарот „Фолксваген“ и „Тојота“.

Побарувачката за електрични возила на некои пазари веќе ги надмина очекувањата, па „Моделот 3“ на „Тесла“ е најпродаваниот автомобил во Европа за минатиот месец, објави во понеделникот консултантската компанија „ЈАТО дајнамикс“.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он