Вредноста на еврото падна на двегодишниот минимум

Од:

Вредноста на заедничката европска валута се намали денеска на нов двегодишен минимум во однос на доларот, бидејќи трговците се уште не се сигурни дали најновиот потег на еврозоната ќе ги реши големите должнички проблеми на Шпанија.

Вредноста на еврото денеска се намали на 1,2246 долари, што е најниско ниво од 1 јули 2010 година, а надминат е и претходниот двегодишен минимум од 1,2251 долар, кој е забележан во понеделникот.

– Очигледно е дека вестите дека шпанските банки ќе имаат пристап до средствата во износ од 30 милијарди евра до крајот на јули, доколку тоа биде потребно, не успејаа да ги отстранат стравувањата во врска со иднината на банкарскиот сектор на земјата, изјави аналитичарката на „Рабобанк“, Џејн Фоли.

Министрите за финансии на членките на еврозоната синоќа по маратонските преговори во Брисел се договорија на Шпанија да и понудат 30 милијарди евра помош за банките. Тие исто така го продолжија рокот до кој Шпанија треба да го намали буџетскиот дефицит на три отсто од Бруто домашниот производ за една година, односно до 2014 година, поради тешките економски услови со кои се соочува државата.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата