Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки, информации на 0800 00 207

Од:

На иницијатива на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

-Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денеска, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 8:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија,информираат од владинатапрес-служба.

Националниот контакт центар е воспоставен со заедничка соработка на Владата и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје.

Покрај преку контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот и на веб страницата koronavirus.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов