Вонредни контроли на семенскиот материјал– Државниот инспекторат за земјоделство на терен

Од:

Четири компании за  производство  на семеен материјал заработија парична казна од 30 до 50 000 евра од  Државниот инспекторат   за земјоделство , поради регистрирани неправилности во работата. Инспекторатот ги засилува контролите на терен.  Врши увид на работата на производителите од почетокот на процесот , па се до пласманот на семениот материјал, со цел на земјоделците да им се обезбеди квалитетно семе.

Инспектори од  Државниот инспекторат за земјоделство денеска беа на парцелите на комапнијата ,,Агроунија,, кај Дељадровце,  по што директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски изјави:

,,Во изминативе 5 -6 месеци инспеткоратот  посвети големо внимание на производството на семеен материја. Од вкупно 21 регистриран производител кај четири фирми  се констатирани неправилности во работата и тоа  во  пакувањето , декларациите поради што се санкционирани и им се изречени парични  казни,,.

Сите производители  имаат обврска кога ќе  го собираат житото да го известат Инспекторатот , за да можат надлежните да извршат контрола на квалитетот и на количината која е пријавена како семенски материјал. Од оваа година се воведуваат и  посебни вонредни контроли.

,, Македонија има квалитетна пченица, но со вонредните контроли дополнително ќе се потврдува. Уште еднаш апелираме дека инспекторатот ќе ги засили конторлите на терен и нема да дозволиме манипулација било тоа да е од домашните производители или пак од увоз од трети земји, зошто без квалитетен семеен материјал не може да има квалитетно производтсво во земјава,,   рече  Трифуносвки.

Во регистарот на инспекторатот на  земјоделство , вкупно се регистрирани 21 производител на семенски   материјал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Засилени инспекции за новогодишните празници, затворени уште четири угостителски објекти

Ана Ололовска

Приведен сопственик на угостителски објект кој работел подоцна од дозволеното

Катерина Павлова-Николовска

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Затворени два угостителски објекти, работеле по 23 часот

Ана Ололовска

Пауновски за забранетите прослави: Немаме доволно инспектори, благодарност до сите што ни вршат дојави

Маја Илиевска-Пачемска

Кривични пријави за 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости

А1он