Волстрит бележи раст трет ден по ред

Од:

На Волстрит во вторникот берзанските индекси пораснаа трет ден по ред, но значително флуктуираа, што укажува на несигурност на инвеститорите со оглед на тоа дека се билжи заострувањето на монетарните политики на американската централна банка.

Dow Jones зајакна за 273 поени или 0,78 отсто, на 35.405 поени, додека S&P 500 порасна за 0,69 отсто на 4.546 поени, а индексот Nasdaq 0,75 отсто на 14.346 поени.

По остриот пад во јануари, индексите на најголемата светска берза ги надоместија загубите на почетокот на февруари.

Но, тргувањето е несигурно бидејќи ништо значајно не се промени во опкружувањето. И натаму се очекува агресивно заострување на монетарните политики на Fed и зголемување на клучните каматни стапки за да се спречи инфлацијата, која се движи на највисоко ниво во последните 40 години.

Неколку челници на Fed вчера изјавија дека централната банка мора наскоро да реагира за да ја контролира инфлацијата, при што еден вели дека оваа година би биле соодветни четири зголемувања на каматните стапки.

Во меѓувреме, инвеститорите очекуваат каматните стапки да пораснат петкратно, а некои дури и седумкратно, почнувајќи од март.

„Ова ќе биде година кога Fed ќе ги укине стимулациите… пазарот повеќе нема да биде на стероиди и ќе мора да помине низ фаза на детоксикација“, вели Ана Гагар, стратег во компанијата Commonwealth Financial Network.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакнува петта недела по ред

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата расте

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата благо порасна

Светски берзи: Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна