Во завршна фаза новиот систем за градобијна заштита

Од:

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појавата на град, Министерството за земјоделство интензивно работи на мерки со кои ќе се заштити земјоделското производство од временските непогоди.

Новиот систем за градобијна заштита предвидува контрола на климатските услови преку т.н.засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на земјата со специјално опремени авиони ќе испуштаат раствор за спречувањеа формирање мраз во облаците.

-Во завршна фаза е воспоставувањето модерно решение за градобијна заштита. Министерството за земјоделство ќе обезбеди 1,5 милиони евра за спроведување постапка за јавна набавка од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за избор на компанија. Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на целата постапка, информира МЗШВ.

Воедно потсетува дека на земјоделците и натаму им е на располагање мерката од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата