Во второто тримесечје скенирани близу 29 милиони фискални сметки, исплатата на поврат на ДДВ во февруари

Од:

Управата за јавни приходи соопшти дека денеска се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари, вкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.

Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов