Во вториот и третиот пензиски столб над 1,37 милиони евра акумулирани средства на членовите

Од:

До крајот на август годинава во задолжителните и доброволните пензиски фондови се регистрирани 547.616 ченови, а вкупната вредност на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарди евра. И покрај пандемијата предизвикана од КОВИД-19 акумулираните средства во фондовите во вториот квартал од оваа година забележале раст од 7,9% во однос на првите три месеци од 2020 година.

-И покрај предизвиците што ги наметна Ковид-19 кризата, капитално финансираното пензиско осигурување кое е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст. Имено, вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните приватни пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва во вториот квартал од оваа година забележаа раст од 7,9% во однос на првите три месеци од 2020 година, информираат од МАПАС.

Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС вели дека денеска, на Денот посветен за пензиската свесност – 15 септември, перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се навистина охрабрувачки.

-Тие придонесуваат за натамошно зголемување на довербата во МАПАС која врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства, со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови, потенцира Али.

Паралелно со својата супервизорска функција, МАПАС, како што посочуваат оттаму, континуирано продолжува со активности за информирање и едукација на граѓаните за начинот на функционирање, придобивките и можностите што ги нуди тростолбениот пензиски систем, за правата и обврските на членовите во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за последните промени во регулативата за тоа кој може да биде член во вториот пензиски столб, како и за потребата од редовно ажурирање на личните податоци и континуирано следење на својата пензиска заштеда.

Од МАПАС соопштуваат дека посебен акцент во информирањето на јавноста, особено во рамки на активностите за годинешното одбележување на 15 септември – Денот за пензиската свесност, ќе се стави на зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски