Во услови на кризата со Ковид-19, инфлацијата во Еврозоната падна на 0,7 отсто

Од:

Инфлацијата во еврозоната опадна на 0,7 отсто во март, според официјалната проценка објавена денеска, при што глобалната пандемија на коронавирус влијае на цените на нафтата, јави ДПА.

Цените на енергенсите паднаа за 4,3 отсто во однос на минатата година во март, покажуваат податоците објавени од агенцијата за статистика на Европската унија „Евростат“.

Основната инфлација – лишена од понестабилните елементи како што се енергија, храна, алкохол и тутун – изнесува 1 процент овој месец, според направената проценка.

Деветанесетте држави од Еврозоната имаат цел да ја задржат годишната инфлација на нешто помалку од 2 проценти, согласно примарната цел на Европската централна банка (ЕЦБ) за ценовна стабилност.

Би можело да ве интересира

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска