Во услови на Ковид забележани повреди на работничките права, МОТ со кампања за почитување на овие права

Од:

Меѓународната организација на трудот (МОТ) по повод Светскиот ден на достоинствената работа најавува кампања за подигнување на свеста и почитувањето на работничките права.

Кампањата е поддржана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“ што го финансира Европската унија.

Во соопштението испратено до јавноста се наведува дека кампањата доаѓа во вистинско време за да се едуцираат работниците за своите права бидејќи во услови на криза предизвикана од Ковид -19 забележани се повреди на работничките права на различни начини.

– Пандемијата на Ковид-19 го промени светот на работата, на начини кои претходно беа тешко замисливи. Работниците се соочија со бројни предизвици и повреди на правата од работен однос, вклучително т.н. „бланко“ отказни решенија и „спогодбено“ раскинување на договорот за вработување, доведувајќи ги работниците во ситуација на невработеност и неквалификуваност за парични надоместоци. Речиси секој работник и секој бизнис се погодени од Ковид-19 на еден или друг начин. Се проценува дека намалувањето на економската активност во земјава како последица на кризата, во претходните квартали,предизвика загуба на работни часови еквивалентни на околу 250.000 работни места, се вели во соопштението.

Анализите на МОТ покажуваат дека најпогодени се малите и средните претпријатија, младите и жените. Секој четврти млад човек е вработен во еден од најтешко погодените сектори и заедно со влијанието што кризата го има врз образованието и обуката, ова претставува ризик тие да станат генерација која ќе ги сноси последиците уште долго.

Процените на МОТ се дека социјалниот дијалог може успешно да се искористи во првичните одговори на кризата и дека познавањето на сопствените работнички права е првиот чекор кон нивно успешно практикување и обезбедување достоинство на работниците.

Под достоинствена работа се подразбира работа која е продуктивна и овозможува фер приход, безбедност на работното место и социјална заштита за семејствата, подобри услови за личен развој и општествена вклученост, можност луѓето слободно да ги искажат своите проблеми, да се организираат и да учествуваат во носењето на одлуките кои влијаат на нивниот живот, како и еднакви можности и третман на жените и мажите.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

Орце Костов